Maкедонското Собрание има нови пратеници

t

Државната изборна комисија ја одржа 109–тата седница на која Комисијата го разгледа Известувањето доставено од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кое информира дека Собранието на седницата одржана денеска констатира дека на избраните пратеници Синиша Стојаноски и Бобан Николовски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ им престанува мандатот на пратеници согласно чл. 152 од Изборниот закон.

Синиша Стојаноски е назначен за нов директор на ГОБ „8-ми Септември“, а Бобан Николовски за директор на Царинската управа.

На местото на Стојаноски и Николовски во Собранието ќе бидат Јане Мицевски и Малиша Станковиќ.

-На седницата, Комисијата информираше дека согласно чл. 153 ст.2 од Изборниот закон, ДИК со допис ги извести наредните кандидати од листите за кандидати за пратеници во Собранието на РСМ за ИЕ 1 и ИЕ 2 од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Јане Мицевски и Малиша Станковиќ кои стануваат нови пратеници во Собранието на РСМ. Согласно ова, ДИК издаде уверенија за избрани пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, соопштија на денешната седница членовите на ДИК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…

Зеленски го осуди договорот на Трамп со…

Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…

Над 300 милиони луѓе во светот немаат…

На 10 октомври секоја година се одбележува…

Приведени директори и вработени во Национални шуми,…

Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“…

Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…