Maксим Димитриевски им кажа да на уставните измени, гордо користи Северна…

t

Советник во Куманово, пратеник во Собранието и градоначалник. Ова се скалилата по кои се движеше досегашната политичка кариера на Максим Димитриевски, чиј амбиции се од мај годинава да биде и претседател на државата. Порано, член на СДСМ, а од ноември лани претседател на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, која ја формираше откако му се разделија патиштата со социјалдемократите кои не го поддржаа за вториот градоначалнички мандат во Куманово.

Со ЗНАМ, планира да стане политички фактор во земјава, но нема намера по секоја цена да биде дел од идната влада. Како претседател, пак, предвидува да формира тим за преговори за адаптација на преговарачката рамка, како и да предложи уставни измени за вметнување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Преамбулата, но со одложена важност.

-Ние можеме да изгласаме измени на Уставот, но претходно мораме да добиеме гаранции дека тие ќе се применуваат откако Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Тоа е преточено во мојата програма „Манифест за Македонија“. Таму се предвидени неколку чекори за придвижување на процесот на интеграција. Со приоритетот број еден во првите 100 дена, е предвидено формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет. Во третиот приоритет од програмата многу јасно е наведено дека по преземањето на претседателската функција во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во Преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Секој друг пат ќе значи постојани уцени и барање за отстапки од наша страна, вели Димитриевски за Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…