Maли им биле платите: И судиите излегуваат на протест
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ.
Овој е заклучено на последната седница на ЗСРСМ одржана на 7 април, кога меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.
Протест на вработените во судовите
– Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот, велат од ЗСРСМ.
Од таму појаснуваат дека во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор на ЗСРСМ, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.
– Овие заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите на Република Македонија, се додава во сооптението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…