Maчињата предат: МВР проверува дали собранискиот спикер Гаши со службено возило „земал невеста“ во Косово

t

Министерството за внатрешни работи (МВР) проверува дали претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши со службено возило заминал во Косово, откако косовски медиуми објавија снимки во кои наводно од мобилен телефон бил снимен службениот автомобил на Гаши во редица на свадбена поворка во Косово.

Од МВР велат дека надлежните служби во моментов вршат „соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба“.

„По што соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од Министерството за внатрешни работи, во одговорот до медиумите.

Инаку, видеото кое наводно го покажува службеното возило на Гаши го објави порталот Индекс, кој во описот на видеото наведува „Африм Гаши со службен автомобил оди да ја земе невестата“.,

Засега нема реакции од Владата, но опозициската Либерално демократска партија (ЛДП) прашува дали Гаши носел со себе патен налог и како може да го оправда патувањето и употребата на службеното возило.

Инаку, Гаши на почетотко на месецов беше вклучен во инцидентот кога косовската министерка Вјоса Османи требаше да полета од Меѓународниот аеродром во Скопје.

Министерството за внатрешни работи (МВР) тогаш соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот.

Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…