Moрничаво: Во последните три години во Македонија исчезнале над 70 малолетници
Неколку дена пред да профункционира системот за рано предупредување за исчезнати деца – „Најди ме“, јавноста во Македонија е на нозе во потрага по 14-годишно девојче во Скопје, коешто исчезна на пат кон училиште. Потрагата трае повеќе од 24 часа – во неа се вклучени полицијата, семејството, но и бројни граѓани и соученици коишто споделуваат објави на социјалните мрежи, лепат плакати со нејзина фотографија и бараат какви и да се информации околу тоа каде исчезна малолетничката.
Името на Ѓорчевска Вања денеска се најде и на сајтот на полицијата во делот на потрагите по исчезнати лица. Мајката на 14-годишното девојче во понеделникот (27.11) во 8.35 часот пријавила во полицијата дека девојчето исчезнало, по што започна потрагата. Ученичката заминала од дома во 7.20 за на училиште и оттогаш и се губи секаква трага.
„Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’“, објави мајката на социјалните мрежи. Таа во изјава за дел од медиумите вели дека девојчето не било жртва на булинг, ниту пак имало несогласувања во домот.
„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно“, порачаа од МВР.

За три години исчезнале над 70 деца
Ова не е единствениот случај на исчезнато дете по коешто трага полицијата. За последните три години во Македонија исчезнале над 70 малолетници. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по седум деца на коишто им се губи трагата изминатите години. Меѓу последните е фотографијата и податоците за Петар Џобески, за кој од 25 февруари 2022 година, родителите се уште чекаат некаква информација каде е нивниот син. Џобески исчезна на десетгодишна возраст во Мариовско. Станува збор за дете со попреченост, по коешто долго траеше потрагата.
Во кумановски Средорек, пак, исчезнаа две петгодишни деца во 2010 година – Мирсада Хелдовиќ и Дане Мемеди. Во речиси ист период во Скопско, пак, беше пријавено исчезнувањето на малиот Митат Ибраими. Случаите кои имаа голем одек во јавноста, се уште немаат разрешница.
Повеќе од 250.000 деца исчезнуваат секоја година во Европа, а во Македонија просечно околу 300 лица од кои значителен број се деца, посочуваат од невладините организации.
Извор: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…