Nма разлика: Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

t

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75-годишнината од НАТО во МНР.

Како што појасни Мисајловски, практично на денот кога Американците ќе решаваат дали да му дадат поддршка на Доналд Трамп кој ветува крај на американската помош за оваа држава, Македонија ќе се приклучи на барањата на другите земји членки на алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија.

Мисајловски во исто време не соопшти во што ќе состои помошта за Украина, но најави дека тоа ќе се објави откако ќе биде одржана затворената седница на Владата денес во попладневните часови.

– Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели – порача министерот Мисајловски тврдејќи дека помош ќе има и во иднина според можностите на Македонија.

Тој најави забрзана модернизација на нашата армија за која идната година одвојувањата ќе бидат над два отсто, порачувајќи дека станува збор за сериозни суми пари.

Во исто време министерот посочи дека безбедносната состојба во земјава е стабилна, иако постои ризик од активирање на балканската бегалска рута по последните случувања на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…