Oваа пролет се очекува крајот на корона пандемијата

t

Дали на пандемијата со коронавирусот навистина и се ближи крајот? Многу епидемиолози велат дека одговорот на ова прашање е потврден и дека тоа е можно да се случи во текот на оваа година.

„Ако се направиме како што треба, во текот на оваа 2022 година ковидот веќе нема толку да доминира со нашите животи“ – изјави д-р Том Фриден, поранешен директор на американскиот центар за контрола и превенција на болестите, а сега извршен директор и претседател на Resolve to Save Lives.
Појавата на омикрон сојот и високата заразност малку ги збуни научниците, но најавите се дека кога овој сој ќе го достигне врвот, драстично ќе почне да паѓа бројот на заразени.

„Никој од нас не го очекуваше омикронот. Имаше навестувања, но не очекувавме дека тоа ќе се случи вака како што се случи“ – вели д-р Ивон Малдонадо, светски позната специјалистка во областа на епидемиологијата и инфектологијата.
Јужноафриканските научници прв пат го детектираа омикрон сојот во ноември минатата година. Омикрон сојот брзо достигна врв, а потоа бројот на заболени почна да опаѓа.

Истото тоа се случи и во В.Британија.

Стручњаците сметаат дека токму тоа ќе се случува секаде.

„Краткорочно, во наредните четири до шест недели, тоа ќе биде и понатаму многу тешко. Ќе биде некаде средина на февруари пред да почнеме навистина да гледаме дека работите одат на подобро“ – најави д-р Џон Шварцберг, специјалист за заразни болести и клинички професот на Универзитетот Калифорнија.
Тој верува дека од март па во текот на пролетта и летото, ситуацијата ќе биде иста како минатата година со постојан пад на бројот на заразени случаи.

„Мислам дека мај или луни ќе ни изгледа навистина добро. Јас сум оптимист во однос на тоа“ – истакнува д-р Шварцберг поткрепувајќи го својот оптимизам со фактот дека нивото на имунитет на целата популација ќе биде на многу повисоко ниво поради се поголемиот број на вакцинирани и оние кои се заразиле во текот на последниот бран на омикрон сојот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинска сестра ќе оди во затвор –…

Медицинска сестра (34) во Жупанискиот суд во…

(Фото) Тошковски излажа: Повторно хаос пред „Пролет“

Пред „Пролет“ ништо ново. И денеска редица…

Бојмацалиев за ПС „Пролет“: Што сменија? Само…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…