Oд Македонија Бугарија не бидува: Писателот Османли му одговори на историчарот Ѓорѓиев
Копретседателот на македонско-бугарската комисија за историја, Драги Георгиев вчера шокираше македонската јавност со историјата дека Бугарија за време на Втората Светска Војна не била фашистичка туку профашистичка
На ваквата изјава реагираше писателот Томислав Османли за кого се несфатливи овие ставови за историчарот Ѓоргиев.
„Од Македонија Бугарија не бидува, час поскоро да го сфатат западните партнери и да престанат да си играат со самобитниста на еден државотворен народ кој за слободата и државата се бореше во двата Илиндена. Мене ми е преку глава од езоповскиот јазик на европејската политичка импотенција. Нашата волја за евроасоцирање останува отворена. И толку веќе.
Тие треба да ни го испорачаат одамна заслуженото не да отвораат нови, бескрајни хипокритски игри и да ја тераат нашата врхушка (наша ли е?!) на самоуништувачки отстапки по диктат на својот конзервативизам и на бугарскиот шовинизам. Време е да прекинеме со ‘преговорите’ со Бугарија во која тие поставуваат бескрајни живковистички барања, а нашата страна само ги прифаќа. Постои за среќа и една друга Бугарија, онаа што изнедри синови јако Георги Димитров и редица интелектуалци кои го прифаќаат македонскиот идентитет.
За жал, нив жестоко ги укина сталинизмот; и тој сe уште жари и пали по ‘националната’ свест на тамошните екстремисти од Каракачанов до Захариева. За домашните ‘еврофили по секоја цена’ (и јас сум, инаку, еврофил!) не треба да се губи простор, како и за секое идеолошко или лукративно слепило – пред неумолливите факти на политичката реалност“, напиша Османли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…