Oсмани – Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77. Генерално заседание на Обединетите Нации, оствари средба со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори.

На средбата стана збор за претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст.

Воедно, беше реафирмирано силното сојузништво меѓу Македонија и САД, со посебен фокус на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…

Белата куќа побарала од Пентагон и од…

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…