Oткако беше пронајден тунел за бегство разрешен директорот на „Идризово“ и именуван нов!

t

Директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен, а на негово место е назначено лице за кое премиерот Димитар Ковачевски рече: „тој е врвен професионалец“. Станува збор за Зоран Јовановски, кој имал завршено повеќе обуки во странство, кажа Ковачевски.

„Донесовме одлука за именување в.д. директор на КПД Идризово. Досегашниот директор беше разрешен, а за нов директор на затворот на мој предлог е именуван генерал мајор м.р. Зоран Јовановски. Тој има богата професионална кариера пред се во МВР. Во текот на својата професионална кариера поминал обуки во полициска академија во Луизијана, потоа обуки во Германија, во САД, Северна Ирска, Турција, Англија.

Директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири, не понесе одговорност за низата скандали што го следат неговото директорување. Разрешувањето доаѓа откако партијата на Тахири, Алтернатива, излезе од Владата.

Пред еден месец „Макфакс“ побара и коментар од Владата дали новите коалиции се поважни од одговорноста што треба да се понесе при нестручно раководење со институциите – но од таму досега не одговорија. Став за најавеното разрешување побаравме и од директорот Тахири, но не одговори на нашиот повик.

Изминативе месеци во затворот „Идризово“ се случија низа скандали. Полицијата правеше претреси по налог на судот и наоѓаше дрога, телефони, недозволени предмети. Имаше и тепачки по кои затвореници беа пренесувани во болница. Постоеше и обвинување дека затворски полицајци ноќта пред пречекот на Нова година претепале млад затвореник. Меѓу најголемите скандали беше бегството на Беким Мемети за кое се води и истрага, а во кое осомничени се командир и затворски полицајци.

Тахири дојде на функцијата без искуство во затворскиот систем. За него, Управата за санкции велеше дека му е дадена шанса да се докаже.

„Го предложив за да добие шанса како и секој друг. Го најдов во општина Камењане, ми го препорачаа како голем борец против криминалот и корупцијата“, рече Марјан Спасовски, разрешениот директор на Управата за санкции.

Денеска во затворот беше откриен и тунел кој го копале затвореници со високи казни, а кој требало да им обезбеди бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…