OJO: Започна увидот по пожарот во Универзална сала
Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.
Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај.
Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.
Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…
ОЈО бара забрана за предавање за професорката…
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…
Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…
ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…
ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…
Украле 3.5 милиони евра и избегале од…
Два цели денови им беа потребни на…