Safe city во Скопје трет ден

t

Трет ден активни камерите на безбеден град, фрчат опомени на меил и смс пораки. Возачите во Скопје полека се смируваат и возат попитомо, застануваат почесто на пешачќи, почитуваат знаците.

Учесниците проектот како замисла е добар но се жалат дека имаат добиено опомена и за еден или два километри над дозволеното со барање да има толеранција од некоку километри поради тоа што различни возила различно се баждарени за мерење на брзината.

Многуте возила на скопските улици што ги има особено наутро и попладне создаваат огромни гужви во сообраќајот, сега со новите правила и строги казни кои засега се само опомени истиот се парализира.

Само во првиот ден беа испратени над 110 илјади опомени најчесто за побрзо возење од дозволеното.

И додека се чека казнувањето од „Сејф сити“ возачите решението го бараат во смарт апликација за избегнување прекршоци наречена „Waze“ на која ги има сите поставени камери во Скопје, платформата нуди предупредување за сообраќаен метеж, работи на патот, камери или полиција на делницата по која што возите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…