„Support Kocani“ донираше медицинска опрема и супламенти на Клиниката за пластична хирургија во Скопје

t

Иницијативата „Супорт Кочани“ донираше медицинска опрема и супламенти на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, наменета за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Донацијата вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, четири пакувања аминокиселини и четири пакувања протеини.

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата „Супорт Кочани“.

-Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на заздравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација, информира „Супорт Кочани“.

Оттаму додаваат дека медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Клиниката за пластична хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените. Тимот на „Супорт Кочани“ ги посетил и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изразиле поддршка и желби за побрзо закрепнување.

-Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна, истакнуваат од „Супорт Кочани“.

Од оваа иницијатива нагласуваат дека остануваат посветени на „транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Support Kocani“ донираше медицинска опрема и супламенти…

Иницијативата „Супорт Кочани“ донираше медицинска опрема и…

Акиов јавно ѝ се извини на вработената…

Аки Акиов – советникот во Советот на…

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони…

Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија во…

Родителите револтирани: Срамота, комеморацијата беше само за…

Организаторот ги изоставил загинатите кои не се…

Државиште: Полициско комбе со издишани гуми стои…

Полициско комбе со издишани гуми веќе втора…