Акиов јавно ѝ се извини на вработената во општина Кочани што ја удри со шише во глава
Аки Акиов – советникот во Советот на општина Кочани Партија за демократски просперитет на Ромите, на денешната седница јавно и се извини на вработената во општина Кочани, која на претходната седница на 19-ти јуни со шише ја погоди во главата.
„Сакам да се обратам до јавноста во врска со немилиот настан кој што се случи на претходната седница на Советот на општина Кочани. Најпрвин сакам јавно и недвосмислено да ѝ се извинам на вработената во општина Кочани поради тоа што во момент на афект и под силен притисок на груби навреди, ненамерно без никаква помисла за такво мое дејствување – фрлање на пластично шише. Таа не беше ниту цел, ниту заслужуваше да се најде во таа ситуација. Од се срце изразувам жалење и извинување. Но, сакам да истакнам дека тој ден бев повеќекратно провоциран како личност и како припадник на ромската заедница“ рече Акиов.
На 19-ти јуни на седница на Советот на општина Кочани, по вербална расправија заради дофрлање од советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов, Акиов тргна физички да се пресмета со него.
Потоа зеде шише од масата и го фрли кон Алексов, но шишето ја погоди во главата и ја повреди вработената службеничка во општината, која во тој момент се најде меѓу двајцата советници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…