Tензиите растат: Ќе формира ли Русија aнти-НАТО блок?
Русија се обидува да се доближи до земјите-членки на НАТО наместо да се судри со нив, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, зборувајќи за потенцијалното формирање на анти-НАТО блок.
„Генерално, блоковите се застарен концепт, од периодот на Студената војна, од кој наводно сите се обидуваат да се оддалечат. Згора на тоа, се обидовме да изградиме односи, се водеа различни разговори, дури и за тоа како да бидеме поблиску до НАТО. Тие не не слушнаа, не сакаат да не видат, така што ситуацијата се развива според друго сценарио“, рече Медведев.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија го привлече вниманието на парадоксот на постоењето на НАТО: тој сега нема противници, држави или сојузи на држави за кои постоењето на западниот свет и НАТО би било недозволиво. Медведев потсети дека Русија никогаш немала таков став и покрај проблемите во соработката со земјите од Алијансата.
Коментирајќи ја ситуацијата околу Украина, Медведев посочи дека Русија и Алијансата не сакаат војна.
„Никој не сака војна и треба да се направи се за да се спречи. Посебно меѓу Русија и, на пример, Северноатлантската алијанса“, изјави поранешниот претседател на Русија.
Тој смета дека единствен начин да се избегне војна е договор. Во таа насока, Медведев ја истакна важноста на преговорите меѓу Русија и НАТО за безбедносните гаранции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
САД се подготвени да го зголемат економскиот…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…