Tешка несреќа на патот кон Љуботен, три возила се судрија – Повредени се 12 лица, има и деца

t

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за скопското село Љуботен се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61), од Љуботен, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.М. (54) од скопското село Ласкарци, и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И. (19) од Љуботен.

Во несреќата, како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М. (55) од Љуботен, а тешко биле повредени и тројцата возачи и осумтемина сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, според констатацијата во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…

(Видео) Иран откри нов подземен „град на…

Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…

Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…

Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…