Објавено на:

Tрамп: Aмерика е болна и расипана, бог ме спаси за да ја поправам

t

Поранешниот американски претседател и претседателски кандидат, Доналд Трамп, за „Фокс њуз“ (Fox News) изјави дека куршумот што го промашил на 13 јули е „божја интервенција“.

– Верувам дека Господ мисли дека ќе ги поправам САД, па затоа и ме спаси – наведе Трамп.

Тој додаде дека САД се „болни и расипани“, и затоа Бог го спасил од смрт.

За потсетување, на 13 јули 2024 година, Доналд Трамп, поранешен претседател на Соединетите држави, а потоа и кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во 2024 година, преживеа обид за атентат додека зборуваше на предизборен митинг во близина на Батлер, Пенсилванија.

Трамп беше застрелан и ранет во горното десно уво од Томас Метју Крукс, 20-годишник од Пенсилванија, кој испука 8 куршуми од пушка во стилот АР-15 од покривот на зграда во близина. Тој уби еден член на публиката и критично повреди двајца други. Последователно, Метју беше застрелан и убиен од контра-снајперскиот тим на тајната служба на САД.

Инаку, христијанскиот свештеник Брендон Бигс, човекот кој на видео на Јутјуб е претставен како пророк, неколку месеца пред атентатот најави дека ќе има атентат врз Доналд Трамп.

– Го видов атентатот врз него. Куршумот помина покрај неговото уво и дојде толку блиску до главата што му го проби тапанчето – изјави Бигс за време на видеото кое стана вирално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…