Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица лишени од слобода
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски државјани, биле лишени од слобода во координирани полициски акции против недозволената трговија со дрога спроведени од 2 до 4 октомври, информира МВР.
Работниот тим Task Force постапувал во 13 случаи на подрачјето на повеќе сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи. При претресите на лица, возила, домови и други простории била запленета поголема количина наркотична дрога.
На подрачјето на СВР Струмица биле пронајдени 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, а во друг случај бил одземен и голем патнички куфер полн со марихуана.
Во Скопје, при претреси на три локации, полицијата пронашла осум кеси со околу 800 грама марихуана и привела едно лице.
Во Велес биле одземени 29 пакувања со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра.
Во одделна акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, на четири локации биле пронајдени околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и марихуана, а две лица биле приведени.
Од МВР најавуваат соодветни кривични пријави по целосно документирање на случаите и продолжување на засилените акции против недозволената трговија со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…
Европската Унија ќе учествува со свои претставници…
Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…
Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…