Teрапија да ви препишеме или ќе се консултирате со лекар: „Русите истуриле 6 милијарди долари за влијание во Македонија, Левица била подложена на руското влијание“

t

Шест милијарди долари од руски извори се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, тврди Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својата најнова анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва, пренесе порталот „Независен“.

Според анализата Македонија последните години е изложена на многу силно руско пропагандно влијание. Руските пари завршувале во политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и на политичките одлуки во државата.

Иако податоците од анализата покажуваат дека Русија најмногу ја проширила својата мрежа во Македонија, одекот сепак е помал отколку во Србија и во Бугарија, земји што се посочени како главни носители на руската пропаганда и спроведувачи на руското влијание во регионот. Бројките покажуваат дека наспроти европскиот просек од 3,6 отсто од БДП инфилтрирани руски пари во европските финансиски текови и економија, во Македонија тој процент изнесува 6 отсто од БДП за периодот од 2000-та до 2020 година.

Според анализата, Југоисточна Европа по санкциите што ги спроведе ЕУ кон Русија, стана најранливиот регион во Европа од хибридната војна на Русија.

Анализата открива дека наводно на малигното руско влијание не се имуни и водечките медиуми и влијателни политички партии во регионот, како Левица во Македонија, Преродба и БСП во Бугарија, СНС и СПС во Србија, бугарската национална телевизија БНТ и РТРС во БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бруки: Завршува полугодието, учениците без учебници –…

Уште неколку дена остануваат до крајот на…

Се тресе столчето на Пиоли, мечот против…

Поразот од Аталанта во Бергамо го зголеми…

КФОР: Ситуацијата во северно Косово е мирна

Командантот на мировната мисија на НАТО во…

Не очекува редок небесен феномен кој ќе…

Астероидот Леон на Сончевиот систем на почетокот…

МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ ЖИВОТ: Ако се…

Современите автомобили станаа многу повеќе од само…