Toчно е дека 3aeв организирал peкет, Боки 13 има дokaзи

t

Македонската јавност веќе втора недела ја брануваат отворените писма на Бојан Јовановски, осуден во случајот Рекет, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“.

Јовановски во своите отворени писма до јавноста ја компромитираше речиси целата судска и извршна власт, а за се што го тврди, вели дека доказите му се наоѓаат во неговиот мобилен телефон.

Тој отворено го посочи екс премиерот Зоран Заев како човек од извршната власт кој што тргувал со влијание и одлучувал кој да оди во притвор, кој да излезе и против кого да се водат кривични постапки, а против кого не.

Покрај екс премиерот во своите писма Јовановски ја споменува и Вилма Русковска со која според него имал одлична комуникација.

Доказите за ова што го збори, Јовановски тврди дека ги има во својот телефон.

Она што е најсиптоматично е што во два процеси кои се водеа против Јовановски, случајот „Рекет“ и случајот „Меѓународен сојуз“, судот не дозволува да се вештачи телефонот, а пораките од неговиот телфон да се изнезат во јавноста како докази во постапките.

На големо инсистирање на одбраната, на Јовановски му беше даден форензичка копија од вештачењето на телефонот, по што на следното рочиште ја изнесе комуникацијата која ја имал со Вилма Русковска со која ја компромитираше и побара нејзино изземање од процесот.

-Вилма Русковска ме информираше преку комуникација на „Ватсап“ апликација за апсење на Стевче Јакимовски и ми вели во неа да пратам екипа, рече Бојан Јовановски повикувајќи се на податоци извлечени од неговиот мобилен телефон со вештачење од надлежен орган во МВР, изјави Јовановски во судот.

По ваквата изјава, судијката во процесот „Меѓународен сојуз“ му рече дека веќе потпишал како тие нови податоци ќе ги користи само за потребите на конкретната кривична постапка, а не да спомнува и други предмети. Исто така тие нови докази како што ги нарече Јовановски-Боки 13 не биле доставени до судот и до обвинителството.

Но ваквиот настап на судијката, Бојан Јовановски жестоко реагираш и истакна деа судот ја штити Вилма Русковска од криминал!

Имено листата на сведоци на одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“ е долга, но постои догвор постигнат уште на првото рочиште во септември дека се додека не се изведат пред судот материјалните докази како оние од телефонот на 13-ка, Јовановски и одбраната нема да испита ниту еден сведок.

Но она што е интересно е што апликацијата преку која Јовановски наводно разговорал со Зоран Заев ја нема во форензичката копија од телефонот на Јовановски доставена до одбраната, иако во 2019-та година пораки од истата апликација беа користени како докази во судот и презентирани пред јавноста за случајот „Рекет“ за да се докаже наводната неинволвираност на Заев во случајот.

Јовановски во понатамошните рочишта за „Меѓународен сојуз“ инсистира на вештачење на оригиналниот уред, но судот не дозволува.

Токму листата на сведоци започнува со екс премиерот Зоран Заев.

-Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример повелете… Лицето Силјан Мицевски бизнисмен од Битола наводно измамен од мене во случајот Меѓународен Сојуз, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите, пишува Јовановски во последното од серијата отворени писма.

Инфомакс открива дека денот кога бизнисмените Адријан Амзовски и Силјан Мицевски давале исказ пред обвинителката Вилма Русковска во нивните фирмите во Струга и Битола влегла финансиска полиција и УЈП со цел да се изврши притисок врз нив и да не се дознае вистината.

За работите да станат уште покомплицирани во изјавите на Амзовски и Мицевски пред обвинителството и судот тие велат дека не се чувствуваат како измамени, што пак упатува на фактот дека во случајот „Меѓународен сојуз“ не постои основното дело за кое е покренато обвинение „измама“.

Од извори блиски до Јовановски дознаваме дека 99 проценти од тоа што го кажува во отворените писма е точно, односно навистина постоела спрега помеѓу власта и правосудството која одредувала човечки судбини преку пораки на апликацијата „Ватс Ап“.

Јовановски никогаш не би тврдел нешто за што нема докази, а доказите се наоѓаат во телефонот на Јовановски, вели нашиот извор кој замоли да остане анонимен.

Нашиот извор напоменува дека ниту едно од тврдењата на Јовановски во отворените писма досега не е демантирано од ниту еден од актерите кои се споменати, што е дополнителен доказ за нивната релевантност.

Целта на случајот „Меѓународен сојуз“ e да го прикрие „Рекет“, тоа е димна завеса зад која се крие вистината за тоа кој бил на чело на рекетарската шема и кој тргувал со правдата во Македонија.

-Дали лицето Зоран Заев од позиција на Премиер извршил лично влијание и уцена врз Катица Јанева да бидат пуштени од затворски притвор Камчев, Мијалков и други лица? Го имате одговорот во мојот телефон, во мојата комуникација со Зоран Заев на апликацијата WHAT’S APP, каде зборуваме за омекнување на Катица Јанева, на ден 10.11.2018 (сабота). Разговорот го водиме јас и Зоран Заев во неговиот премиерски кабинет, па потоа продолжува преку телефонска комуникација и преписка на WHAT’S APP, пишува Јовановски во едно од своите обраќања до јавноста.

Во случајот обвинетите се теретат и за перење пари, но сепак и самиот Арафат Муареми директор на Финансиската полиција во едно свое телевизиско интервју, вели дека нема никаков криминал и немаат детектирано перење пари со исплатата на 720 илјади евра на име на една пензионерка во Скопје, која е поврзана со невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Муареми вели дека колегите утврдиле оти градежната компанија од Битола префрлила над 700.000 евра на жена по основ на склучен договор за посредување. Пред да ѝ се исплатат парите во Финансиска полиција била викната пензионерката и таа им кажала оти тие ѝ се за проект што бил замислен како модерен европски центар за возрасни лица.

„Таа достави целокупна документација за проектот. Според нејзиниот исказ, проектот е поминат во претходната влада кога имало Ден на идеи и имал некоја потврда дека таа влада проценила оти навистина може да се реализира“, вака Муареми одговара на прашањето како пензионерката Лилјана Тодоровска ги убедила дека проектот е реален.

Директорот на Финансиската полиција објаснува дека пензионерката ги добила парите по основ на склучен договор за стратешко партнерство и деловна соработка, а објектот со дополнителни пари требало да го гради битолската фирма.

„Овие пари се давале само за изумот.“

Сега е време за тишина, кратко одговорила Лилјана Тодоровска, пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, по рacпитот во обвинитeeлството за организиран kpиминал.

Сепак пензионерката Тодоровска во судницата тврди дека во структурите на „Меѓународен сојуз“ ја пратила Мила Царовска. Царовска одела во детали па така и кажала во кое време на кое место ќе се основа „Меѓународен сојуз“ и дека таа треба да биде дел од проектот.

Сега Јовановски е спремен пред полиграф да сведочи за она што го пишува во своите отворени писма што дополнително ја комплицира ситуацијата за некогашните високи фунцкионери на власта кои ги споменува Јовановски, но и за правосудните органи кои се чини дека целиот овој период ја замајувале јавноста со цел да не се дознае вистината за „Рекет“.

Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, наводно изјавил Бојан Јовановски во полиција кога го привеле, објави српски Курир на насловната страница, неколку дена откако експлодираше во јавноста аферата „Рекет“.

Од извори блиски до Јовановски дознаваме дека тој е под сериозни закани по неговиот живот, а се со цел вистината за овој случај да замине заедно со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Децата на политичката елита профитираат од брзите…

Децата на политичката елита профитираат на грбот…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…