Xаос на граничните премини: На Табановце за излез се чека и по еден час

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег во Делчево и Дебар: Возачите да…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
На Табановце се чека околу 30-40 минути:…
На граничниот премин Табановце се чека околу…
Машала, се исплатело да си на граница:…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Тројца Македонци и еден Албанец приведени на…
Четири лица, од кои тројца македонски и…
Мртов мигрант пронајден во барака во транзитниот…
Во барака во транзитниот центар Табановце вчера…