Објавено на:

Xезболах ги заcили нападите врз Израел од јужен Либан

t

Проиранскиот Хезболах ги засили своите напади врз Израел од јужен Либан, каде што загуби седум од своите борци, вклучително и членови на нејзината елитна единица, поради израелските бомбардирања, објавуваат медиумите во регионот.

Хезболах, кој го напаѓа Израел како поддршка на својот палестински сојузник Хамас, вели дека извршил повеќе од 20 напади врз позиции на израелската војска. Меѓу нападите е и истрелувањето на 48 ракети врз воена база во близина на северниот израелски град Сафед, што е најголем број ракети истрелани од Либан во еден единствен рафал од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас од 7 октомври.

Беше објавено дека била употребена ракетата Буркан, која може да носи големо количество експлозив.

Израелската војска соопшти дека како одговор на нападите кон Израел, хеликоптери и борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на терористичката Хезболах и локациите за лансирање ракети во Либан.

Израел, исто така, интензивно ги бомбардираше пограничните села во јужен Либан, јави националната новинска агенција (Ани), додавајќи дека во тие напади нема жртви.

Оваа ескалација уследи по смртта во израелското бомбардирање на шестмина борци на таа проиранска шиитска организација, меѓу кои беше и синот на шефот на парламентарниот блок Хезболах, Мохамад Рад.

Абас Рад е убиен заедно со уште четворица членови на Хезболах во синоќешниот израелски напад врз куќа во селото Беит Јахун, изјави за АФП извор близок до семејството.

Според извор близок до шиитската партија, меѓу петмината убиени се двајца водачи на силите Ал Радван која е елитна единица на Хезболах.

Хезболах денеска објави дека уште двајца негови борци се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и Газа на 7 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…