„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната помош вжештени, лекарите со јасна порака – „Бегајте од Скопје ако можете“

t

Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика на апликациите, туку реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада – хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош.

„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите.

Медицинските лица даваат неколку клучни совети за преживување во овие денови на густ смог:

Бегство на планина: Ако имате можност, искористете ги викендите и слободните денови да заминете од главниот град на повисоки места.

Останете дома: Додека сте во Скопје, движењето надвор сведете го на минимум.

Заштита: Доколку излегувањето е неизбежно, задолжително носете заштитна маска (N95/KN95).

Откако два последователни дена беше надминат прагот на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки.

Препорака до работодавците за ослободување од работни обврски на:

Бремени жени;

Лица постари од 60 години;

Граѓани со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар (без оглед на возраста).

За работниците на отворено, се препорачува работното време да се реорганизира во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Извор: 4њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната…

Екстремното загадување на воздухот во Скопје не…

(Видео) Турското знаме подигнато пред Општина Кичево

Покрај македонското и албанското знаме, од вчера…

Нигериец нападнал полицаец во Скопје, носел пиштол…

Нигериец нападнал полицаец во Скопје, носел пиштол…

Габард: Русија не е способна да ја…

Директорката на американската национална разузнавачка заедница, Тулси…

Едномесечен притвор за поранешен министер на Косово…

Основниот суд во Приштина одреди притвор во…