„Ало 194, се гушиме“: Телефоните на Итната помош вжештени, лекарите со јасна порака – „Бегајте од Скопје ако можете“

t

Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика на апликациите, туку реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада – хронично болните, астматичарите и лицата со респираторни проблеми деновиве се најчестите пациенти кои во паника бараат спас од Итната медицинска помош.

„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите.

Медицинските лица даваат неколку клучни совети за преживување во овие денови на густ смог:

Бегство на планина: Ако имате можност, искористете ги викендите и слободните денови да заминете од главниот град на повисоки места.

Останете дома: Додека сте во Скопје, движењето надвор сведете го на минимум.

Заштита: Доколку излегувањето е неизбежно, задолжително носете заштитна маска (N95/KN95).

Откако два последователни дена беше надминат прагот на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки.

Препорака до работодавците за ослободување од работни обврски на:

Бремени жени;

Лица постари од 60 години;

Граѓани со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар (без оглед на возраста).

За работниците на отворено, се препорачува работното време да се реорганизира во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Извор: 4њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…

Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…

Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски

Како инженер и како човек сметам дека…

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…