АНБ формираше Центар за обука

t

Агенцијата за национална безбедност формираше Центар за обука, како системски механизам за континуирана едукација, професионално усовршување и создавање нови генерации високообучени безбедносни кадри.

-Безбедносните предизвици денес се менуваат со динамика каква што досега не сме познавале. Затоа силна служба не се гради само со технологија и ресурси, туку пред сè со знаење, аналитички капацитет и луѓе кои постојано се развиваат. Центарот за обука треба да биде инвестиција токму во најважниот ресурс – човекот, знаењето и идниот капацитет на македонскиот безбедносен систем, рече директорот на Агенцијата Бојан Христовски.

Тој го најави Центарот за обука на вчерашното свечено одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност, кое се одржа во просториите на Македонската опера и балет.

На свеченоста премиерно беше прикажан документарен филм посветен на историјата и развојот на безбедносната служба од нејзините почетоци, преку клучните историски и институционални периоди, до современата Агенција за национална безбедност.

Преку архивски материјали, сведоштва и пораки од домашни и меѓународни соработници и партнери, во документарниот филм беше прикажана работата на безбедносната служба во заштитата на државата, но и нејзината трансформација во согласност со современите безбедносни предизвици и стандарди. Во документарецот говореше и пензиониран агент со заштитен идентитет.

Националната безбедност не е само институционална обврска. Таа е одговорност кон државата, кон граѓаните и кон генерациите што доаѓаат. Нашата сила се луѓето, професионалците кои својата работа ја извршуваат посветено, дисциплинирано и со висок степен на интегритет, свесни дека голем дел од нивниот придонес никогаш нема да биде јавно видлив. Токму во тоа се состои големината на нивната служба кон државата, рече на свеченоста Христовски.

Во рамки на настанот беше претставено и првото издание на публикацијата „Безбедносна проценка за 2027 година”, како стратешки документ на Агенцијата посветен на безбедносните предизвици со кои се соочува државата.

Документот претставува систематизиран аналитички осврт на современото безбедносно опкружување, ризиците и тенденциите кои можат да имаат влијание врз националната безбедност, како и основа за натамошно јакнење на стратешката и аналитичката функција на институцијата.

На одбележувањето на Денот на Агенцијата за национална безбедност присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на собранието Африм Гаши, највисоки претставници на државниот врв и дипломатскиот кор во земјата, претставници на државните институции и партнерски служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНБ формираше Центар за обука

Агенцијата за национална безбедност формираше Центар за…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…

И оваа учебна година Општина Центар продолжува…

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…