Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

t

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија нагласи: „Да, ако ме бараат како професионалец, но за плата од 5 илјади евра.“.

Ангелов зборуваше и за причините, поради кои се одлучил да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Со Мицкоски тој имал контакт околу две години. ВМРО ДПМНЕ ја поддржа нивната иницијатива за обештетување на семејствата на бранителите и Ангелов е уверен дека тоа ќе се случи, ако победат на изборите.

„СДСМ покажа голем демократски капацитет, но не успеа да се погрижи за тоа што го баравме: да го усвои законот за бранители. Ова е голема неправда. Јас имам големи колеги и пријатели и во СДСМ и во ДУИ. Бев критичен и додека бев во Владата. Доаѓам од десниот блок и СДСМ ги знаеше моите ставови, но ДУИ беше товарот, што не дозволи СДСМ да работи како што треба. Многу важен момент е што Ковачевски, министерката Петровска ни дадоа поддршка и ова треба да се пофали“, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Лукаревска: Вредностите секогаш нѐ обединувале, и кога…

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…