„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде меѓу најголемите во светот
Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“ го потпиша својот прв договор за закуп на земјиште за изградба на дата-центар во Австралија, во објект кој би бил меѓу најголемите компјутерски капацитети во светот, пренесува Ројтерс.
Договорот за закуп опфаќа кампус за центар за податоци со планиран вкупен капацитет на електрична моќност од 2,16 гигавати, изјавиле луѓе запознаен со договорот.
„Планирано е предложениот објект, кој ќе биде изграден на земјоделско земјиште на околу 250 километри кај Бризбејн, да започне со работа во 2027 година“, посочил извор за Ројтерс.
Со овој договор „Антропик“ станува најновиот голем играч во областа на вештачката интелигенција кој обезбедува свое присуство во Австралија, по договорот за откуп на енергија и капацитети што „ОпенАИ“ го склучи за дата-центар во Сиднеј минатата година, додека компаниите се натпреваруваат да обезбедат електрична енергија и земјиште во земја која се претставува како поевтина алтернатива богата со обновлива енергија на позаситените пазари во САД и Азија.
Договорот доаѓа откако извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, минатата недела повика компаниите за вештачка интелигенција „да го забават темпото“ со кое ги унапредуваат способностите на моделите, поради сè поголемите стравувања од злоупотреба на вештачката интелигенција.
Неговиот повик го поддржаа Илон Маск, кој раководи со конкурентската компанија „xАИ“, и Сем Алтман, извршен директор на „ОпенАИ“. Американскиот претседател Доналд Трамп ги опиша критичарите на вештачката интелигенција како „многу негативни сили“ кои изнесуваат сценарија што нема да се случат.
Австралиската влада одговори на отпорот во јавноста поради користењето земјиште, вода и електрична енергија, ветувајќи дека од 2027 година ќе воведе ограничувања за користењето ресурси од дата-центритте, но и понатаму се обидува да привлече „инвестициски бум“ за кој економистите велат дека до 2030 година би можел да достигне 150 милијарди австралиски долари (107 милијарди долари) во Австралија.
Австралискиот договор за закуп на „Антропик“ би се однесувал на центар за податоци што го планира „Зера ДЦ“, инвеститор со седиште во Сингапур, кој би обезбедил договори за купување електрична енергија од обновливи извори и би ги сносел трошоците за приклучување кон електричната мрежа, без тие трошоци да паднат на товар на постојните корисници, изјавиле луѓето запознаени со договорот, кои побарале да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.
„Антропик“ и „Зера ДЦ“ засега не излегоа со коментар за договото за дата-центар.коментираат.
„Објектот би се користел за инференција – односно брза обработка заснована на предвидувања – но не и за тренирање на модели“, додал еден од изворите на Ројтерс.
Австралија соопшти дека нејзините нови правила за вештачката интелигенција ќе постават ограничувања за користењето содржини произведени во земјата за тренирање на модели.
Објектот, исто така, би користел затворен систем за ладење со воздух, со што се намалува потребата од чиста вода при отстранувањето на топлината од серверите, посочиле изворите.
Договорот е предмет на одобрување од Одборот за ревизија на странски инвестиции на Австралија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…
Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…
Два авиона за малку ќе се судреа…
Пет од десетте контролори на летање кои…
Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…
САД, Британија и Австралија развиваат подводни дронови…
Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија…
САД, Велика Британија и Австралија развиваат беспилотни…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска…