Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени сме и за војна објави
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека Техеран е подготвен и за дипломатско решение и за воен конфликт, додека, според него, САД се тие што бараат војна.
Во разговор со ирански новинари во понеделникот, Арагчи говореше за неговата посета на Њујорк и за ставот на Иран во однос на војната, со посебен акцент на Ормускиот Теснец.
Тој рече дека постојат услови што ги поставил врховниот лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и дека тие услови мора да бидат исполнети за да биде отворен Ормускиот Теснец.
Според Арагчи, Иран има намера овие услови да им ги пренесе на САД, но и на останатите земји и на меѓународната заедница, со цел, како што наведе, да биде јасно дека Техеран има план и дека неговите услови се „целосно фер и логични“.
„Ако Американците тврдат дека бараат договор или мирно решение, ние го претставивме тоа решение“, рече Арагчи.Иранскиот министер оцени дека Иран, и покрај, како што наведе, притисоците и војните со кои се соочил, има јасен став и решение што го нуди преку дипломатијата.
„Како што е подготвен за војна, подготвен е и за дипломатија“, порача Арагчи.Тој додаде дека иранскиот план, познат како план од седум точки, преку катарски посредник бил пренесен до американската страна. Арагчи рече дека Иран го очекува официјалниот одговор од САД преку посредникот.
Според него, катарскиот посредник во понеделникот повторно разговарал со иранската страна за можни идеи за исполнување на условите што ги поставил Техеран. Тие идеи, како што рече Арагчи, повторно ќе бидат пренесени до американската страна.
Арагчи изјави дека очекува конечниот одговор од САД да биде пренесен преку посредниците.
„Имавме интензивни и исполнети денови, но мислам дека резултатите беа многу добри. Го покажавме Иран на меѓународната сцена, присутен со самодоверба, сила и гордост, бранејќи ги своите интереси“, рече тој.
На прашањето дали ќе остане во Њујорк додека го чека американскиот одговор, Арагчи одговори дека ќе отпатува за Техеран по неколку часа. Тој додаде дека, доколку Катарците го добијат одговорот од американската страна, ќе знаат како да го пренесат до Иран.
Арагчи истакна дека контактите и размената на пораки преку катарски и пакистански посредници постоеле и претходно, но оти со претставувањето на иранскиот план тие добиле посериозна форма.
„Ако има одговор, Катарците ќе ни го пренесат и врз основа на тоа ќе биде донесена одлука во Техеран“, рече Арагчи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…
Хаменеи: „Непријателските сили“ ќе бидат протерани од…
Иранските сили ги потиснале „непријателските сили“ од…
Исламска револуционерна гарда: Американски подводен дрон запленет…
Иранската Исламска револуционерна гарда денес објави дека…
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…