Објавено на:

Трамп демантира дека му понудил на Иран ублажување на санкциите за прекин на војната

t

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли медиумските извештаи дека бил подготвен да ги ублажи санкциите кон Иран доколку Техеран преземе „конкретни“ чекори во врска со својата нуклеарна програма за да се стави крај на војната, објави „Ројтерс“.

„Тоа не е точно. Не им понудив ништо“, рече Трамп.

„Аксиос“ и „Си-ен-ен“, повикувајќи се на анонимни американски претставници, претходно објавија дека Трамп бил подготвен да понуди олеснување на санкциите и одмрзнување на иранските средства како дел од конечен договор, под услов Иран да покаже „конкретен напредок“ во врска со нуклеарното прашање.

Трамп наведува дека една од главните цели на војната е спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје. Иран нема нуклеарно оружје и негира дека сака да го развие, но тврди дека има право на сопствена нуклеарна програма за мирољубиви цели.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран е подготвен за разговори за својата нуклеарна програма и други прашања, но нема да прифати „заплашување или принуда“.

„Иран не бара војна, но ќе се брани од притисоци, закани и од напади“, рече Пезешкијан, додавајќи дека Техеран веќе се согласил дека „не треба да развива нуклеарно оружје“.

Американски и ирански претставници вчера одделно разговарале со посредници, во рамки на обновените напори за ставање крај на седуммесечната војна, соопштија претставници на двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…