Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец.
Аракчи напиша на платформата Икс дека имал плодни разговори со својот индиски колега, Субраманјам Џајшанкар, и дека во таа прилика појаснил дека Иран секогаш ќе ја исполнува својата историска должност како заштитник на безбедноста во Ормускиот теснец. Тој додаде дека сите пријателски земји можат да сметаат на безбедноста за време на трговијата. Аракчи се наоѓа во Њу Делхи, каде што се одржува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС.
БРИКС е основан во 2006 година од Русија, Кина, Индија и Бразил. Јужна Африка се приклучи во 2011 година, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати во 2024 година, а Индонезија во 2025 година. На листата на земји-партнери се наоѓаат и Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда, Узбекистан и Нигерија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…
Азески: Кризите носат смрт за бизнисот, најпогодени…
Геополитичките и регионалните кризи создаваат сериозна неизвесност…
Зеленски: Русија планира да ја нападне Украина…
Русија ги засилува напорите да ја вовлече…
Од понеделник третмани против глодари и бубашваби…
Во наредните денови, делови од Куманово ќе…
Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме…
За време на враќањето на американската делегација…