Ахмети: Македонскиот народ добива со уставните измени
Околу уставните измени, лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во „Клик Плус“ кажа дека тие треба да се случат што поскоро, и дека тие ќе ја направат разликата меѓу Македонија и Бугарија.
Ахмети смета дека доколку се случат уставните измени, нема да може десничарски партии во Бугарија да кажуваат како во Македонија нема Македонци, и дека сите се Бугари.
„Можеби уставните измени се во втор или во трет план, но ако се мисли за политичка, развојна и економска стабилност, ние треба да направиме итно решение. Јас мислам дека оваа решение воопшто не ѝ штети ниту на државата ниту на македонската заедница, бидејќи внесувањето на Бугарите во Уставот, ја прави разликата меѓу македонската и бугарската заедница. Нема да може веќе во Бугарија десничарски партии да кажат дека во Македонија нема Македонци, и дека сите се Бугари. Овој став е многу раширен низ националистичките партии таму. Не сакаат воопшто да слушнат дека има македонска заедница. Така што, со уставните измени се прави разликата. Добива македонскиот народ. Секое задоцнување не е добро, затоа што може да се искористи од националистички кругови, кои не го сакаат просперитетот на Северна Македонија за да чекори кон евроинтеграциските процеси“, рече Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…