Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците гласаа за промена
Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале за промена и замена на актуелната влада и најави дека со своите политички партнери работи на што поскоро формирање нова влада за национална вонредна состојба.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, упатена до пријателите на Израел во САД и во светот, Ајзенкот оцени дека израелската демократија останува силна и жива и дека новото раководство треба да ја спроведе волјата на граѓаните.
„Имам намера да донесам ново лидерство во Израел, лидерство што им служи на сите Израелци“, напиша тој.
Ајзенкот ја опиша својата визија како посилен, еврејски и демократски Израел, посветен на либералните вредности и еднаквоста на сите граѓани, со доверба во сопствената иднина.
Значаен дел од објавата го посвети на односите со Вашингтон. Според него, врската меѓу Израел и САД е партнерство меѓу народите, градено со генерации и засновано врз заеднички демократски вредности.
Тој најави дека под негово водство ќе работи на обновување и продлабочување на тоа партнерство, со посебен акцент врз поддршката за Израел во двете големи американски партии.
„Израел ќе остане еден од најсигурните и најспособните стратешки партнери на Америка на Блискиот Исток“, порача Ајзенкот, оценувајќи дека соработката носи заемна корист за двата народа.
Воедно изрази подготвеност за блиска и конструктивна соработка со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, чија поддршка за Израел, како што напиша, високо ја цени.
Како заеднички цели ги наведе унапредувањето на безбедносните интереси, зајакнувањето на регионалната стабилност и создавањето нови можности за економски напредок и соработка на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…
Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…
НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…
Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…