Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над 300 случаи на салмонела во Белгија
Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела се регистрирани во Белгија, чиј извор биле контаминирани јајца. Информацијата ја потврди Белгиската федерална агенција за безбедност на синџирот на исхрана (FASFC).
Инфекцијата е поврзана со јајца произведени од компанијата „Laerco“ во местото Гел, на северот од земјата. Присуството на бактериите било потврдено кон крајот на април, по што во мај започнало големо повлекување на сите производи од пазарот, објави „Еуроњус“.
Првичните проценки покажале дека била контаминирана само една од четирите фарми за живина на оваа компанија. Сепак, бидејќи бројот на заразени не се намалувал со очекуваното темпо, дополнителните лабораториски тестови ја откриле бактеријата и во втора фарма.
По ова, агенцијата FASFC донесе одлука целосно да ја затвори фармата и започна нова, уште поширока кампања за повлекување на потенцијално заразените јајца.
Јајцата се продавале во познати маркети и се извезувале во повеќе земји
Спорните производи се продавале во големи малопродажни синџири како што се „Colruyt“, „Delhaize“, „Aldi“ и „Carrefour“. Превентивното повлекување е проширено и во Луксембург.
Агенцијата ги известила и останатите европски земји каде што јајцата можеби биле извезени, меѓу кои Холандија, Франција, Италија и Португалија.
Салмонелата е бактерија што предизвикува салмонелоза, дигестивна болест чии вообичаени симптоми вклучуваат дијареја, треска и стомачни грчеви. Потешките форми на болеста може да вклучуваат екстремно висока температура и болки во телото, а во ретки случаи инфекцијата може да биде и фатална.
Бактеријата природно живее во цревата на многу домашни животни. Таа може да влезе во храната во различни фази од производството – од одгледување и колење, па сè до преработката на храната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…
Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…
Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…
Прскање против комарци во пет општини во…
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…