Бебе се заразило со морбили — петти случај во Македонија

t

Уште еден случај на морбили е потврден во Македонија, со што бројот на заразени се искачи на пет, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Станува збор за едно и полгодишно бебе, а досега болеста е потврдена кај вкупно три бебиња, еден 45-годишен маж и еден државјанин на Косово.

Клековски рече дека постои прелиминарна поврзаност меѓу случајот на странскиот државјанин и трите случаи кај македонски државјани, но дека се чека епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје за тоа да биде и официјално потврдено.

Министерот апелираше граѓаните да проверат дали примиле две дози вакцина против морбили или ја прележале болеста. Тој рече дека не верува во присилни мерки за вакцинација, бидејќи смета дека тие само го зголемуваат отпорот кај граѓаните.

Клековски предупреди дека морбилите се меѓу најзаразните вирусни заболувања и дека вирусот може да остане во воздухот и до два часа. Затоа, граѓаните што ќе забележат симптоми на болеста треба телефонски да се јават кај својот лекар, наместо да одат директно во здравствена установа и да ги изложат на ризик другите пациенти.

Тој ги повика родителите да не ги носат децата во градинка и во училиште ако имаат симптоми на морбили. Посебно нагласи дека вакцинацијата е важна за заштита на бебињата помали од 12 месеци, кои сè уште не можат да ја примат вакцината, како и на другите невакцинирани луѓе.

„Имаме постојано една група од 15-ина илјади бебиња кои се во одреден ризик. Секако, и поповозрасната популација што не е вакцинирана. Повикот за вакцинирање е за да се заштитат оние што не можат да се вакцинираат“ рече министерот.

Тој додаде дека се истражуваат примарните и секундарните случаи, како и контактите на заразените, а инспекциски надзори се вршат во здравствените установи во кои можело да има контакт со заболените.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на нејзината канцеларија во Македонија, д-р Аким Али, истакна дека е особено важно да се зголеми опфатот со вакцинација, кој треба да достигне 95 проценти.

Тој нагласи дека родителите имаат клучна улога во заштитата на децата, а посебно внимание треба да им се посвети и на бремените жени, бидејќи инфекцијата со морбили може да предизвика сериозни компликации и кај нив и кај плодот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…