Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите на мигрантите
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со кој на полицијата ѝ се дава овластување да влегува во домовите на мигрантите на кои им е наредено да ја напуштат земјата.
Мерката е дел од поширок пакет мерки на десничарската коалициска влада на премиерот Барт де Вевер, кој има за цел да ја ограничи миграцијата и да ја забрза депортацијата на луѓе чии барања за престој се одбиени.
Поради усвоениот закон, во средата вечерта околу 3.000 луѓе формираа човечки синџир околу Палатата на правдата во Брисел, а белгиските медиуми јавија дека низ целата земја беа одржани повеќе од 50 протестни собири.
Групите за човекови права и адвокатите се спротивставуваат на законот. Тие тврдат дека влегувањето на полицијата во приватни домови за имиграциски проверки ги крши уставните права и законите за приватност.
Претресите ќе бидат ограничени на домовите на луѓе на кои им е одбиен азил во Белгија и кои не ја напуштиле Белгија, а е оценето дека претставуваат закана за јавната безбедност. Претресите ќе се вршат со одобрение од истражен судија во периодот од пет до девет часот, во присуство на службениците за имиграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…
Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе…
Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Во Белгија едно од 20 деца го…
Повеќе од еден од 20 ученици во…
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…