Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе оставка по неуспешните буџетски преговори
Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник подоцна во текот на денот ќе му понуди оставка на својот кабинет на кралот Филип, по неуспешните ноќни преговори за буџетот, објавуваат локалните медиуми.
Де Вевер во 9:30 часот по средноевропско време ќе биде примен од кралот, објави јавниот радиодифузен сервис ВРТ.
Ова следува по неуспешните преговори со неговиот кабинет, кои траеле во текот на ноќта, но не довеле до договор за буџетот.
Белгиската влада мора да обезбеди заштеди од 10 милијарди евра за да остане во рамките на ограничувањата за јавните расходи на Европската Унија.
Буџетскиот дефицит на земјата минатата година изнесувал 5% од бруто-домашниот производ (БДП), додека според европските правила е дозволен дефицит од најмногу 3%.
Јавниот долг на Белгија надминува 735 милијарди евра, што претставува повеќе од 110% од БДП. Според европските правила, дозволеното ниво на јавен долг е 60% од БДП.
Поради неуспехот да се постигне договор, каматните стапки на државните обврзници се зголемиле, што значи дека Белгија ќе мора да плаќа повеќе за да ги исполни своите обврски по основ на долгот.
Доколку кралот ја прифати оставката на Де Вевер, ќе бидат распишани нови избори. Сепак, кралот има можност и да ја одбие оставката или да ја задржи на разгледување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе поднесе…
Белгискиот премиер Барт де Вевер во понеделник…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Во Белгија едно од 20 деца го…
Повеќе од еден од 20 ученици во…
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…
Повеќе лица загинаа, а голем број се…