Објавено на:

Бесент им се закани на Иран и неговите сојузници: Трамп подготвува нови економски удари, Кина под лупата на Вашингтон

t

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денес изјави дека во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти што „точно ќе преземат“ Соединетите Американски Држави во однос на Иран.

Бесент за CNBC најави дека на конференцијата ќе стане збор за потезите на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера предупреди дека секоја земја што ќе му пружи „каков било вид помош за спас на Иран“ ќе се соочи со економски последици, додека САД се обидуваат да ја решат војната што ја започнаа против таа земја, заедно со Израел, пред речиси шест месеци, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали САД би можеле да ја казнат и Кина поради нејзината соработка со Иран, Бесент изјави дека многу разговори најдобро се водат зад затворени врати.

„Уверени сме дека сите сакаат повторно да се отвори Ормускиот теснец и да паднат цените на енергенсите. Имајте предвид дека Кина 50 отсто од својата енергија ја набавува од Заливот. Затоа, за нив би било од голема корист да се приклучат кон програмата“, истакна Бесент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесент им се закани на Иран и…

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денес…

(Видео) Големи колони и нервоза на „Табановце“,…

Километарски колони се создадоа и денеска на…

Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни…

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,…

Фон дер Лајен за дронот во Црното…

Појавата на поморско беспилотно летало опремено со…

Израел и Турција ги заоструваат односите преку…

Воениот напад на Израел врз сириската авиобаза…