Бог да чува… Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник

t

Битолчанецот З.Л (63) од балконот на неговата куќа на Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата, соопштија од СВР Битола. Настанот се случил во средата, а полицијата му ја одзела воздушната пушка. Известен е и јавен обвинител, а против битолчанецот ќе следува соодветна пријава.

На Широк Сокак, најамбиенталната улица во Битола, секојдневно има повеќе кучиња скитници. Дел од пријавите на битолчани за каснување од бездомни кучиња се токму од центарот на градот.

Ова не е прв случај битолочани со пушка да пукаат во кучиња скитници. Лани полицијата уапси 29 –годишен маж кој во местото викано Гроздот во центраот на Битола, возејќи „пасат“, преку отворен прозорец со воздушна пушка пукаше во уличните кучиња.

Пред три години друг битолчанец на улицата „16-та“ пукаше со пушка во кучка доилка, на која само погрешното нишанење ѝ го спаси животот. Мажот тогаш кажа дека кучето му ја нападнало сопругата. Здружението за заштита на животни „АRC“ ја однесоа кучката на ветеринар и по дадената терапија беше вратена кај своите кученца.

Општина Битола лани исплати 123.952 евра по тужби на граѓани за каснати од кучиња скитници. За три години дури за седум пати пораснал износот на пари што Општината ги исплатила по тужби од граѓани. Во 2022 година биле платени 2.885.115 денари (46.912 евра), а во 2021 година 1.129.000 денари (18.350 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…