Братот на газда Деко од затвор врши притисок врз сведоците, вели мајка на загинато момче во „Пулс“

t

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените продолжи  судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Дел од родителите на загинатите деца денеска изјавија дека се сомневаат на влијание  и притисок врз сведоци. Се сомневаат во обиди за прикривање и влијание врз постапката.

-Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството.

Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да го проверат и комуникациите остварени преку овој телефон. Се случи геноцид на млада генерација поради алчност, корупција и несовесно работење, а пак продолжува да се работи во таа насока. Ние родителите на овие млади убиени деца нема да дозволиме вистината да остане затскриена. Вистината мора да излезе на виделина, правда мора да има за нашите убиени деца, рече Јулија Златкова, мајката на Томас Златков кој загина кобната ноќ во „Пулс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Братот на газда Деко од затвор врши…

Со сослушување сведоци и законски застапници на…

В сабота хуманитарен фудбалски натпревар во Кочани…

Од здружението „Здружение на граѓани 16 март…

Доктори од софиската болница „Пирогов“ добија признание…

Лекари од Универзитетската болница за активен третман…

Шилегов бара запирање на судењето за Пулс…

Петре Шилегов, бранител на еден од обвинетите…

Советот на Општина Кочани едногласно ја поддржа…

Со порака дека сеќавањето мора да добие…