Брнабиќ: Студентите ја одбија подадената рака на Вучиќ
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, ја опиша реакцијата на студентите кои одбија да учествуваат во телевизиска дебата со српскиот претседател Александар Вучиќ како „неверојатна хистерија“, нагласувајќи дека „студентите веднаш ја отфрлија можноста да ги презентираат своите идеи и визија за иднината на Србија“.
Брнабиќ на социјалната мрежа X наведе три причини зошто, како што рече, студентите одбиваат да учествуваат во дијалогот.
„Затоа што немаат луѓе кои би можеле да го победат во дијалогот, затоа што немаат план и програма и затоа што нивната единствена визија за иднината на Србија е насилството“, истакна Брнабиќ.
Таа додаде дека ова е можност за „намалување на тензиите и секој да го покаже своето лице и да претстави визија за иднината на Србија со зборови и идеи, наместо да гори јавен имот и да превртува контејнери“.
„Неговата подадена рака и можноста секој да ја претстави својата програма – студентите веднаш ја отфрлија“, рече Брнабиќ.
Претседателката на Парламентот оцени дека „луѓето без лица не можат да ја водат Србија кон безбедност и стабилност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Вучиќ објави фотографија од болничка соба со…
„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во објавата на…
Вучиќ го посети во болница министерот Глишиќ:…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека го…
Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…