Бугарските медиуми пишуваат како Бугарија да не била фашистичка држава: Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот ќе биде одбележан со пригодни настани

t

Бугарските медиуми соопштуваат дека Бугарија со пригодни настани ќе го одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Интересно во ваквите вести е што бугарските медиуми пишуваат како воопшто да не биле дел од фашистичките и нацистички сили на Хитлер во Втората Светска војна.
Исто така изнесуваат податоци за бројот на загинати.

“Денес, луѓето ширум светот ќе ги наведнат главите за да им оддадат почит на оние што беа уништени од хитлеро-фашистичката машина за време на Втората светска војна.

Генералното собрание на ОН избра да го прогласи датумот на ослободување на кампот Аушвиц во 1945 година како Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот.

Секоја година на овој ден во сите делови на светот се извикува „Се сеќаваме“! Затоа што 6 милиони не можат да се заборават, од кои милион и пол деца биле убиени од нацистите во периодот 1933-1945 година.

Денот ќе биде одбележан со пригоден настан во Салата на Софискиот универзитет.

Европскиот парламент ќе им оддаде почит и на жртвите 77 години по ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.

Церемонијата ќе биде отворена во 13.30 часот по бугарско време со говор на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, по што ќе следи музичка интермедија.

100-годишната преживеана од Холокаустот Марго Фридлендер ќе им се обрати на европратениците.
Настанот ќе заврши со едноминутно молчење во спомен на жртвите од холокаустот и втор музички интермедија.” пишува БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…