Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во крвата и направил сообраќајка

t

На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес.

При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во…

На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица…

Изгубил контрола врз возилото и удрил во…

На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР…

Лишен од слобода возачот што удри пешак…

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР…

Возач „летал“ со 188 километри на час…

На 05.01.2026 во 01:51  часот во Штип, полициски…

ОЈО поведе постапка за сообраќајната несреќа во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…