Лишен од слобода возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“

t

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Р.Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје. С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.  Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…

Пијан беровец, со 2,6 промили алкохол во…

Од МВР информираат дека е уапсен беровец…

Петмина повредени откако со автомобил излетале од…

На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската…