(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО МАКЕДОНИЈА – ОРГАНИЗИРАЛЕ АТЕНТАТ!

t

АНБ во соработка со МВР откри и спречи терористичка група од шест државјани на Македонија, кои биле дел од иранска прокси мрежа која подготвувала терористички акт – атентат во Грција.

На едно лице му е одреден куќен притвор, на останатите притвор, а едно не е достапно за органите на прогонот во Македонија, објасни директорот на БЈБ, Александар Јанев.

– Акцијата беше насочена кон откривање и спречување на активности поврзани со кривични дела тероризам и терористичка организација.

Се работи за шест лица од 22 до 73 години од Скопје и Куманово, четири лица се лишени од слобода во Македонија, едно лице е лишено од слобода во Грција и едно лице не е обезбедено, а има сознанија дека не е на територијата на Македонија. Огнено оружје, муниција, скици со означени локации и телефони и останати уреди се одземени. Поврзани се со странски елементи и прокси групи, а имале за цел вршење на терористички акти на територија на друга држава, откри Јанев.

Директорот на АНБ откри дека станува збор за иранска прокси мрежа, поврзаност со нарко-босови и слично, а во македонската мрежа биле лица етаблирани во криминални структури и преземале подготвителни дејствија за атентат во Грција.

– Сето ова дојде како активност после 9-10 месеци работа, ние во духот на транспарентноста одлучивме да го презентираме ова и го соопштуваме тоа што може да се соопшти во јавноста. Информации поврзани со Иран кадешто таргет би биле лица од Македонија нема, односно нема информација дека било какви напади би имало во Македонија, повеќе не можам да споделам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…

Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…

Бесент: Иран се соочува со историски економски…

Иранската економија се соочува со еден од…

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…