(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија: Пепел и чад се издигаат на 3.500 метри во воздухот
Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра еруптираше денеска, исфрлајќи пепел и чад што се искачија на 3.500 метри во воздухот. Досега нема извештаи за жртви, евакуации или прекини во воздушниот сообраќај во областа, објави Индепендент.
Сепак, индонезиските власти им советуваа на жителите, посетителите и туристите да избегнуваат активности во селата во округот Каро, покраината Северна Суматра, како и во област во радиус од шест километри од врвот на вулканот.
Патиштата, возилата и зградите во неколку села во Кару погодени од ерупцијата се покриени со сив вулкански пепел. Локалните власти им поделија заштитни маски на жителите.
Службениците го зголемија нивото на предупредување за вулканот на „претпазливост“, второто највисоко ниво на тревога.
„Оваа ерупција се смета за почетна и можно е да има помоќна ерупција“, изјави денес директорката на Геолошката агенција на Индонезија, Лана Сарија.
Агенцијата претходно, кон средината на август, забележа знаци на зголемена активност кај вулканот Синабунг, вклучувајќи десетици земјотреси, по што го прошири препорачаниот радиус во кој активностите за јавноста се ограничени.
Индонезија е архипелаг со повеќе од 280 милиони жители и една од сеизмички најактивните области во светот.
Синабунг е еден од повеќе од 120 активни вулкани во земјата, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“ – појас по кој се протегаат бројни вулкани и тектонски расцепи околу Тихиот Океан и кој е познат по честите земјотреси и вулканска активност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски од Блед: Европа може да го…
Европа во моментов има одлична можност да…
Европејците лути поради враќањето на Русија во…
Европските министри за финансии и други функционери…
Франција воведува доброволна воена служба: учесниците ќе…
Во Франција оваа недела 3.000 млади луѓе…
Просечната плата во Црна Гора е 1.037…
Просечната нето плата во Црна Гора во…
Американски медиуми: Бесент и Силуанов разговараа за…
Министрите за финансии на Русија и Соединетите…