Објавено на:

(Видео) ДА, ПИЕВМЕ АМА НЕ СЕ ДРОГИРАВМЕ, вели финската премиерка

t

Финската премиерка Сана Марин изјави дека е вознемирена што на интернет се објавени видеа на кои таа танцува и пее на приватна забава.

Марин ова го изјави откако на социјалните мрежи и финските медиуми се прошири двеминутно видео од нејзино пеење и танцување со познати домашни инфлуенсери и уметници, по што се појавија сомнежи дека била пијана, а некои напишаа и дека консумирала дрога.

Снимките првично беа објавени на приватен профил на Инстаграм, но набрзо протекоа во јавноста.

Марин, која стана најмладиот шеф на владата во светот во декември 2019 година, рече дека знаела дека ја снимаат, но не мислела дека снимката ќе стане јавно достапна.

„Тие снимки се приватни и се снимени на приватен простор. Жалам што стигнаа до јавноста“, изјави Марин за новинарите, додавајќи дека не знае кој ги проследил.

Сепак, многу Финци ја изразија својата поддршка за младата премиерка поради начинот на кој таа го комбинира приватниот живот со кариерата од висок профил.

Но, весникот Хелсингин Саномат пишува дека епизодата покренала прашања за нејзиното расудување.

„Премиерката може, во чувствителна ситуација, да го стави оружјето на информативната војна во рацете на оние кои би сакале да и наштетат на Финска“, пишува весникот.

Марин рече дека видеото е компилација од видео клипови од два различни настани од пред неколку недели. Рекла и дека луѓето конзумирале алкохол на забавите, но дека никој не се дрогирал, колку што знаела.

„Едноставно се забавувавме. Танцував и пеев“, рече Марин, негирајќи ги тврдењата дека снимката е рекламен трик на помалку од една година до следните општи избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…