(Видео) Детали за случајот – им се заканува казна затвор: Градоначалникот и Командирот на ТППЕ Велес фатени живи во злоупотреба на својата службена положба!

t

До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна снимка од настан кој се случи минатата година во мај, а за кој градоначалникот на Велес и уште двајца вработени во противпожарната служба во јавното обвинителство дале лажен исказ.

Командирот на противпожарната служба во Велес Димче Јованов – Командир на ТППЕ Велес на клиентелистички начин за да му се додвори на градоначалникот на Велес, Марко Колев злоупотребил противопожарно возило и неколку вработени во пожарната за да му однесе торта на градоначалникот во општинската зграда.

На 13 април 2023 гоина, на роденденот на градоначалникот Марко Колев, двајца пожарникари користејќи службено возило пристигнале во општината и користејќи скала за интервенции при пожари, се качиле на вториот спрат преку тераса во канцеларијата на градоначалникот, со цел да го честитаат роденденот, носејќи му роденденска торта. Пред општинската зграда пожарникарското возило имало вклучено сирени кои предизвикале страв кај вработените во општината кои панично почнале да ја напуштаат зградата мислејќи дека навистина се случил пожар.

Граѓаните од околните објекти исто така побегнале затоа што не можеле да детектираат каде се наоѓа пожарот.

Имајќи во предвид дека противпожарната служба во Велес кубури со возила тие свесно ја загрозиле безбедноста на граѓаните злоупотребувајќи специјално службено возило за исполнување на лични хирови. Замислете што би се случило доколку недај боже во тој момент навистина се случил пожар, а возилото не било подготвено за интервенција на терен имајќи во предвид дека во Велес постои само едно такво возило.

По допрен глас јавното обвинителство во Велес постапило и го истражило случајот, но во тој момент немало докази и целиот случај бил базиран на прес-конференција на локалниот огранок на СДСМ во Велес. Колев и командирот на противпожарната служба биле повикани во обвинителството да дадат исказ и да посведочат за настанот. Но и градоначлникот и командирот Јованов пред надлежниот обвинител дале лажен исказ со тврдење дека настанот никогаш не се случил со што дополнително се инкриминиарале.

Обвинителството во Велес сега ќе има дополнително работа имајќи во предвид дека е објавена снимка од настанот на која јасно се гледа противпожарно возило на терасата од канцеларијата на Колев и јасно се гледа како командирот му подарува торта на градоначалникот.

Градоначалникот како работодавач на територијалната противпожарна единица ја злоуптребил својата службена положба на начин што ги ставил во функција противпожарните ресурси за приватни цели и потреби, а истото го сторил и командирот на противпожарната единица во Велес, што значи дека тие може да одговараат под членот 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службена положба.

Против Колев неофицијално се води постапка за случјот со набавка на таканареченото „тракторче“ за хоризонтална сигнализација кое ја чинеше општината повеќе од 50 илјади евра, а истото на интернет може да се набави и за помалку од 3 илјади евра. Буквално истата механизација која Колев ја имаше набавено на интернет чини околу 10 илјади евра, а општината односно градоначалникот истата ја набави за повеќе од 50 илјади евра.

Општинскиот огранок на СДСМ во Велес поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека функционери во локалните институции ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, откако Инфомакс објави дека лицата неовластено влегуваат во просториите на МВР и буричкаат по личните документи на граѓаните на Велес.

– Онака како што најавивме пред некој ден, а во врска во објавената фотографија на порталот “Инфомакс” на која што јасно се гледа како Командирот на противпожарната служба во Велес, во присуство и надзор на Заменик градоначалникот а воедно и советник во општина Велес буквално тарашка по личните документи на нашите сограѓани, денес, ОО СДСМ Велес поднесе “Кривична пријава” до Основното Јавно Обвинителство поради “ Постоење на основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело: Злоупотреба на службена должност од член 353 ст.1 од Казнениот Законик” против три лица и тоа:

– Маргица Цветановска – Началник на сектор на управни служби Велес

– Димче Јованов – Командир на ТППЕ Велес

– Коста Нојков – Советник во општина Велес и Заменик градоначалник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Можно ли е да пукне на…

Лидерот на Беса и дел од албанската…

Османи: Дали да нацртам? Нема влада без…

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства…

Твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една…

Познатата актерка Весна Петрушевска со емотивна фејсбук…

Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по…

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово…

(Вознемиувачко видео) Еве како изгледа фронтот после…

Снимена грозоморна сцена по борбата тело в…