(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс: Дали Усје бира кој смее, а кој не да присуствува на јавен настан за кој испраќа покани?

t

ПР тимот на Титан Усје им посака добредојде на сите, освен на Инфомакс – на денешната средба, а потоа и прес конференција на директорите на Усје и претседателот на Сојузот на стопански комори Бранко Азески, ни беше посочено дека новинарот на Инфомакс, Александар Тодески, не смее да присуствува на настанот, за кој имавме покана и најава.

Главната причина која можеби е смешна, е граѓанскиот активизам, кој пак е основно човеково право загарантирано со Уставот и Законот на Македонија. И покрај посочувањето и појаснувањето дека се работи за работна задача, ПР тимот сепак не дозволи влез на состанокот и прес конференцијата, на која требаше да бидат поставени прашања од јавен интерес – актуелни и поврзани со правото на чист воздух и здрава животна средина, исто така загарантирани со Уставот.

Јавно прашуваме, дали на настани од јавен карактер смеат да влезат само оние за кои ПР тимот одлучил дека се добредојдени, или едноставно, не смеат да се постават прашања кои можеби би ја нарушиле комоцијата на оние кои се присутни на тој настан?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…

ПР тимот на Титан Усје им посака…

(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада…

Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива…

Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско,…

Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…

Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…

На Инфективната клиника во Скопје почина 75…