(Видео) Доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски: Прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство
Основниот суд во Куманово денеска го осуди 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане на доживотен затвор, откако го прогласи за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.
Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.
Според информациите од судската постапка, делата биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртвите претежно биле повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
Обвинителството во завршните зборови побара најстрога казна, оценувајќи дека изведените докази, меѓу кои и ДНК-трагите, ја потврдуваат вината на обвинетиот.
Со денешната пресуда заврши првостепената постапка пред Основниот суд во Куманово.
Видео: Кумановски Муабети
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски:…
Основниот суд во Куманово денеска го осуди…
Удар врз руската дигитална инфраструктура: втор центар…
Војната меѓу Русија и Украина се проширува…
Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на…
На 08.10.2026 во 10:30 часот во СВР…
На Ристе Боjкоски му е потребна помош…
Денес, наместо да застане пред своите ученици…
Зеленски ги обвини САД за недоволна помош…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини САД…