(Видео) Зеленски предупреди на можен масовен руски напад: „Украинските служби и нашето Воено воздухопловство се подготвени да одговорат“

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев добил нови разузнавачки информации според кои Русија се подготвува за масовен напад врз Украина.

Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни и сериозно да ги сфаќаат предупредувањата за ракетна опасност.

„Добивме ажурирани разузнавачки информации за подготовките на Русија за масовен напад. Ве молам, чувајте се и реагирајте на предупредувањата за ракетна опасност. Украинските служби и нашето Воено воздухопловство се подготвени да одговорат – онолку колку што дозволуваат нашите одбранбени капацитети“, изјави Зеленски.

Според украинскиот претседател, Киев ги распоредува системите за противвоздушна одбрана и работи на обезбедување дополнителна муниција за авионите Ф-16, како и ракети-пресретнувачи. Најголем проблем, како што посочи, останува заштитата од балистички ракети, каде Украина во голема мера зависи од помошта на сојузниците.

Зеленски повторно упати повик до САД и европските земји да обезбедат дополнителни средства за воздушна одбрана.

„Многу зависи од нашите партнери – од секоја земја што располага со одбранбени средства што ни се потребни и може да ни ги обезбеди. Многу е важно да постои политичка волја за тоа, особено во Соединетите Американски Држави и во Европа“, порача тој.

Украинските власти не објавија дополнителни детали за времето, размерите или потенцијалните цели на можниот напад, но соопштија дека се подготвуваат контрамерки и дополнителни мерки за заштита на критичната инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски предупреди на можен масовен руски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев…

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се…

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола…

Француските ученици остануваат на улиците се додека…

Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…